Охридските хотели полупразни за Велигденските празници
Охридските хотели полупразни за Велигденските празници.
На охридската ривиера за Велигденските празници престојуваат туристи од соседните земји. Најбројни се бугарите, грците и турците, но охридските хотели останаа со полупразни сместувачки капацитети.
Снегот среде април и студеното време ги натера странските гости да ги откажат Велигденските аранжмани. Туристичките рботници се соочуваат со откажување на аранжамани.
По се изгледа временските услови ќе придонесат охридските хотелиери да останат со куси ракави. Многу мал е бројот на хотелите чии капацитети се целосно исполенети со гости. Од хотел Милениум информираат дека нивниот хотел е 100 процентно исполнет, иако имале откажување на аранжмани од грчки и албански гости. Во хотел Гранит има домашни и турски гости кои ги пополниле половина од расположливите капацитети. И хотелот Метропол се соочил со откажаување на аранжмани на гости од соседна Грција. Од очекуваните 500 гости во моментов имаат 350 гости од Бугарија и Грција.
Ништо не е подобра и ситуацијата со гости во приватното сместување од мал обем. Станоиздавачите исто така останаа со полупразни легла. Не помогнаа ни понудите на некои од станоиздавачите кои нудеа сместување по пониски велигденски цени од 300 денари за кревет. Единствено раздвиженоста во градот ја прават сопствениците на викенд становите.
{loadposition content9}