Проштална порака од професорот
Јас инсистирав да се оди на екскурзија

Заменик директорот на средното училиште Данвон во околината на Сеул, чии ученици загинаа кога потона јужнокорејскиот траект Севол, се убил поради неиздржливото чувство на вина. Тоа го потврдила и прошталната порака пронајдена во неговиот паричник.
„Премногу е болно да се преживее сам, додека 200 ученици се исчезнати. Ја превземам целосната одговорност. Јас инсистирав да се оди на екскурзија. Запалете го моето тело и пепелта истурете ја во близина на траектот. Можеби во следниот живот повторно ќе бидам професор на оние чии тела не се пронајдени“, напишал Канг Мин-гју (52), кој се обесил во близина на училиштето.
Во полицискиот извештај првобитно е наведено дека професорот не оставил никаква проштална порака, но подоцна во неговиот паричник во џебот е пронајдено писмо на две страници.
Бројот на жртви во несреќата порасна на 58, а нуркачите и понатаму трагаат по исчезнатите.
{loadposition content9}







