Skip to main content

Упатите за специјалист ќе важат една година

Важноста на (суб)специјалистичкиот упат сега е една година наместо, како досега, еден месец.

upat
упат

Важноста на (суб)специјалистичкиот упат сега е една година наместо, како досега, еден месец.
 
Ова е големо олеснување за осигурениците со хронични заболувања што се лекуваат амбулантски и нема веќе потреба секој месец да обезбедуваат упат од матичниот лекар – појаснуваат од Фондот.

upatKога осигуреното лице е примено како итен случај, повеќе нема потреба да се грижи за упат и административни работи, бидејќи здравствениот систем, во негово име, ќе ги заврши сите процедури во поглед на упатувањето, соопштуваат од Фондот за здравство. Промената е со цел да се изврши административно олеснување за матичните лекари, но и за пациентите и за здравствените установи.

– Ако осигуреното лице е примено како итен случај и без упат, повеќе нема потреба да оди кај матичниот лекар, бидејќи специјалистот креира специјалистички или супспецијалистички упат, кој го потврдува со свој потпис и факсимил. Ако специјалистот извршил само амбулантски преглед и нема потреба од болничко лекување, установата ги фактурира здравствените услуги како специјалистички пакет, со упатот издаден од (суб)специјалистот – информираат од Фондот за здравство.

– Со новиот начин на упатување, лекарите специјалисти по извршен прв преглед, за секој нареден контролен преглед ќе издаваат специјалистички упати. Со овие измени, повеќе нема потреба за сите наредни контролни периодични прегледи да се препраќа осигуреното лице кај матичниот лекар, додаваат од фондот.

{loadposition content9}