Децата, младите и жените во фокусот на програмата на ГРОМ
Децата, младата популација и понежниот пол во фокусот на програмата на партијата ГРОМ. Тие предлагаат низа мерки како би им се олеснил животот на овие категории на граѓани.
На денешната пресс конференција партијата ГРОМ обелодени дел од програмата посветена на децата, младата популација и понежниот пол. Во неа е зацртано да се доделат три години пензиски стаж на жените-мајки за секое родено дете. Од ГРОМ предлагаат жените да можат доброволно да одат во пензија на 55 години старост. ГРОМ нуди интересни решенија и за младите во државава.
–За секој млад кадар до 29 години што ќе се врати и вработи во Македонија 30 % субвенција на плата за период од 2 години. 20 % субвенција на плата за период од 3 години за секој вработен млад високо образовен кадар. 40.000 работни места за младите. 15.000 денари најниска плата за секој вработен. Намалување на обемот на наставните програми и учебниците за 30%. Укинување на екстерно оценување како алатка за дисциплинирање на учесниците во образовниот процес. Намалување на број на ученици во паралелка на 24. Набавка на наставни средства за унапредување на практична настава. Матурантите од средните училишта свидетелствата и дипломите за завршено средно образование да ги добиваат најдоцна до 25 јуни. Уписот на новите студенти на универзитетите во Република Македонија да завршува најдоцна до 5 јули, а новата академска година да почнува на 1 октомври. Бесплатно здравствено осигурување за деца до 14 години. Бесплатни ужинки и предвидени екскурзии за основниците, рече Сашо Робески-кандидат за пратеник на коалицијата ГРОМ во ИЕ5.
{loadposition content9}