За две години неколку охридски села ќе добијат нови водоводи
За две години неколку охридски села треба да добијат нови водоводни системи.
водомер
За две години неколку охридски села треба да добијат нови водоводни системи. Овие инфраструктурни зафати кои се од витално значење за жителите на неколку охридски села се во рамките на „Програмата за изградба на системи за водоснабдување од 2014 до 2016 година“, која ја изготви Општина Охрид.
Според програмата предвидено е со средства од општинскиот буџет да се финансира изградбата на нови водоводни линии во селата Велгошти, Горно Лакочерај, Вапила и Лавоишта, додека средства од кредит на Светска Банка да се изврши целосна реконструкција и доизградба на водоводна мрежа во село Лескоец.
{loadposition content9}