Целосна промена на казнената политика за стопанските субјекти, најавија од Вмро Дпмне
Целосна промена на казнената политика за стопанските субјекти, најавија од Вмро Дпмне.
Промена на инспекцискиот систем и системот на казни во РМ за стопанските субјекти, а обезбедување на низа мерки за развој на малите и средни претпријатија, најавија од Вмро Дпмне. Меѓу промовираните мерки се намалување на високите кирии за најмување на деловен простор со кои стопанисува Јавното претпријатие. Обезбедување на владина финасиска помош за секоја мала компанија на која ќе и е потребна помош од странски експерт. Субвенционирање на дел од имплементација на ИСО , Хасап и Халал системите, се дел од мерките кои на денешната прес конференција ги презентира Александар Николоски.
Најавена е поддршка и за млади претприемачи и занаетчии, разни видови на обуки и организирање на саеми и манифестации. За потребите на македонските компании ќе се обезбедат нови 100 милиони евра за кредитирање на компаниите со субвенионирана каматна стапка од 5,5 проценти. Средствата ќе се обезбедат од Европската инвестициска банка и Меѓународната банка за поддршка на развој со рок на отпалата од 8 години за инвестиции, најви Николоски.
„ Финансиска поддршка за женско претприемништво. Со оваа мерка ќе се субвенцираат претпријатијата во сопственост на жени. Над 60 проценти од докажаните трошоци но не повеќе од 120.000 денари наменети за набавка на опрема, алати, инвестициско уредување на деловни простори. Грижа и чување на деца од предшколска возраст во сопствен бизнис од 60 проценти од трошоците, но не повеќе од 30.000 денари.Со ова сакаме да ги мотивираме жените во РМ по смело да влегуваат во бизнис “, истакна Николоски.
{loadposition content9}