Skip to main content

„Вашиот прилог-значајна помош“

Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 22 – 30 април 2014 год., под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, Црвен крст Охрид, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, организира хуманитарна собирна акција.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

volonteriВо рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 22 – 30 април 2014 год., под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, Црвен крст Охрид, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, организира хуманитарна собирна акција за  обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која Ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни потреби од Охрид и Дебарца.

Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно да се вклучат во акцијата со:

– донирање на материјални добра, во просториите на Црвен крст Охрид ул. “Димитар Влахов” 52, во сите денови на траењето на акцијата вклучувајЌи и сабота и недела од 8 до 15 ч.

– донирање на парични средства на мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери, обележени со обележја на Црвен крст Охрид, кои Ќе бидат на повеЌе јавни пунктови низ градот и Ќе прибираат доброволни прилози од наШите хумани сограЃани, чија висина Ќе биде назначена на соодветен памфлет

– донирање на парични средства на жиро сметката на Црвен крст Охрид со назнака за “Недела на солидарност”.

{loadposition content9}