Skip to main content

Охриѓани ќе се рекреираат на современа пешачка патека

Охриѓани ќе се рекреираат на современа пешачка патека која ќе се прави од мостот до Парк. Парите се обезбедени од ИПА фондовите и ова е прв проект за кој општината добила средства. По изборите ќе се распише тендер и после одбирањето на најдобриот понудувач веднаш ќе се започне со градежните работи.

 |  Јаковлева Лионела  | 
pateka
патека

 

Ќе се прави современа пешачка рекреативна патека на потегот од мостот кај каналот до почетокот на Парк. Таа ќе биде широка десет метри и ќе содржи две пешачки зони од по четири метри и уште две патеки од по страните  во широчина од по еден метар кои ќе се користат за велосипеди и ролери. Во средината ќе биде хортикултурно уредена со комунална инфраструктура и со современо осветлување. Патеката ќе биде долга 1390метри а ќе се реализира со средства од ИПА фондовите. Општина Охрид во заедничка соработка со општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун аплицирале со заеднички проект за што им биле одобрени 533 000 евра. Од нив за општинава се наменети 210 000евра а за ФТУ Охрид 60 000 евра. Конкретно за изградба на пешачката патека ќе бидат потрошени 105 000 евра со кои првично ќе бидат уредени 200 метри а останатите речиси 1000 метри треба да бидат направени со пари од Локалната.патека

Тоа е резултат на макотрпната работа што службите во општината во изминатиов период од една година го имаат сработено во проектната единица која работи во рамките на секторот ТЛЕР, рече Градоначалникот.

Градоначалникот потенцираше дека ова е прв пат во историјата на Општина Охрид да се добие ваков грант  од ИПА фондовите. Го запрашавме раководителот на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолов зошто и претходно општината не извлекла пари од ИПА фондовите за некој ваков проект. Тој со одговор.

Досега не беше аплицирано, зошто не би можел да ви кажам. Не беа изготвени проекти, рече Апостолов.

Инаку, по изборите ќе се распише тендер и после одбирањето на најдобриот понудувач веднаш ќе се започне со градежните работи на пешачката патека.
Со останатите пари од овој проект ќе се гради современ туристички информативен центар во строгиот центар на градот, предвидено е организирање на повеќе фестивали од кои еден ќе биде посветен на охридската цреша како заштитен знак на градот.

{loadposition content9}