Skip to main content

Во Охрид ќе се гради 400 k/w трафостаница

Македонија ќе добие досега најсилна интерконективна врска за пренос на електрична енергија со соседна Албанија.

 |  Голабовски Крсте  | 
mepso
мепсо

далноводМакедонија ќе добие досега најсилна интерконективна врска за пренос на електрична енергија со соседна Албанија.

Тоа ќе се овозможи преку 400-киловолтниот далновод што МЕПСО и албанскиот преносен систем ќе го градот од Битола до Елбасан. Далноводот ќе тргнува од РЕK „Битола“, а трасата ќе се протега на 100 километри низ седум општини до границата, каде што преку Ќафасан ќе се спои со албанската преносна врска. Инвестицијата ќе чини над 70 милиони евра и ќе обезбеди подобрено снабдување со електрична енергија на овој регион, а рестрикциите и испадите на струјата ќе станат минато.

Покрај 400-киловолтниот далновод меѓу Битола и Елбасан, во рамките на истиот проект ќе се изгради и 400-киловолтна трафостаница кај Охрид. Инвестицијата само на македонска страна ќе чини над 43 милиони евра. Со овој далновод ќе се зголеми преносниот капацитет на мрежата за 200 мегавати, ќе се намали неиспорачаната електрична енергија за 93 мегават-часови, како и загубите на електрична енергија годишно за 23 гигават-часови. Оваа интерконективна врска се очекува да донесе придобивка за националната економија од 37 милиони евра.

Пред да почне изградбата е направена и студија за влијанието на далноводот врз животната средина. Иако се работи за највисоко напонско ниво, не се очекуваат поголеми негативни влијанија.

{loadposition content9}