Skip to main content

Штитениците од метадонскиот центар Охрид добро се покажаа во уметноста

Штитениците на метадонскиот центар од Охрид, заедно со македонските уметниците, преку социјални дела прикажаа  дел од нивното секојдневие. Тоа го пренесоа преку слика, поезија, проза и керамика, а денес се тоа беше и презентирано во дневниот центар за корисници на дрога, во рамки на проектот „Употреба на уметноста онаму каде што е тешко да се зборува“.

 |  Николоска Биљана  | 
izlozba
изложба

izlozba„Употреба на уметноста онаму каде што е тешко да се зборува“. Денес во метатадонскиот центар во Охрид беше презентирана финалната изложба, односно примена на т.н. Социјална скулптура во работа со ранливи групи. Обуката ја водат уметници од Шведска кои имаат долгогодишно искуство и експертиза во оваа област, изјави кординаторот на проектот Јасмина Билалаовиќ. Уметниците задоволни од досега реализираните активности во рамките на проектот „Употреба на уметноста онаму каде што е тешко да се зборува.“

„Целта е всушност да се помогне на ранливите категории на граѓани да им се приближи уметноста и да се искористи како средство за нивно себе изразување, зајакнување на индивидуални и социјални вештини, групна работа и.т.н затоа што е докажано дека импактот на уметничката работа ја зајакнува индивидуата комплетно целосно исто така и нејзините социјални вештини. Се работеше на повеќе видиви на уметност значи преку глина, цртање, ритмички движења се со цел една финална презентација, но бидејќи се работи за метадонски центар корисниците се заштитени, таа финална презентација се одржа во текот на вчерашниот ден во интимна средина“– велат уметниците.

izlozbaВидовме интересни презентации во 11 те локал пилот активности од проектот, така што покрај обуката, разменавме и искуства, нагласи Хелена Биструм, уметник од Шветска.

„Тренингот што го имавме во Јануари беше фантастичен. Луѓето кои што учествуваа во него, уметниците како и персоналот од оваа институција беа одлични. Имавме прекрасна недела, сработивме фантастична работа, па и ние како тренери научивме исто колку и учесниците, па во оваа прилика е доста возбудливо да се биде повторно тука и да се види што било сработено од страна на институциите и со нетрпение ги очекуваме резултатите па да продолжиме со дискусиите и евалуацијата“ – нагласува Биструм.

Од дневниот центар за корисници на дрога, задоволни се од досегашниот тек на активностите и сметаат дека овој проект треба да продолжи и во иднина.

„Ние сме многу задоволни од проектот, можам да го изразам нашето задоволство и задоволството на нашите учесници, корисници кои навистина беа задоволни работеа опуштено и дадоа еден огромен импут во работата и тие и ние би сакале да има и второ и трето продолжение од проекктот и се надеваме дека ќе има“– рече Горан Поп Марков, социјален работник.

izlozbaЖанета Никоска Стојковска, психолог во дневниот центар, смета дека корисниците на дрога преку интеграција во вакви уметнички проекти, се осознаваат себе си, односно стануваат свесни за својата активна улога во општеството, а од друга страна ефектот е голем затоа  што настанува психосоцијално растеретување на стресот кај нив.

„Вие ќе видите социјално уметничко дело како изгледа или социјална скулптура, поезијаи проза, керамика, тоа уметничко дело се создава на тој начин што корисниците еден со друг ги споделуваат своите искуства своите мисли и доќивувања од секојдневниот живот и отцепуваат еден важен дел од својот живот и го презентираат преку уметноста. Значи со самото споделување тие ја развиваат емпатијата спрема себе и емпатијата спрема другите“– појаснува Стојковска.

Во текот на работилниците, покрај посетата на метадонскиот центар во Охрид, предвидена е посета на невладината организација Опција од Охрид, како и невладината организација Порака Нова од Струга, за да во сабота се реализира заедничката пленарна средба на сите уметници кои што работеа на проектот. Очекуваните резултати од проектот се да се воспостави мрежа на граѓански организации и уметници кои ја применуваат уметноста во работата со ранливите групи, да се засилат капацитетите на уметниците и работата на овие групи.