Skip to main content

Партиските кампањи кулминираат

Уште два дена до почетокот на изборниот молк. Излагањата на партиите добиваат на интензитет.

 |  Мишел Наумоски  | 
izbori
избори

sdsm TanasoskiНа денешната прес конференција на охридските социјал-демократи, нивниот кандидат за пратеник, Ѓоко Танасоски со мал осврт на целокупната досегашна политичка кампања. Потенцираше дека СДСМ како партија со своите непартиски листи покажала дека за нив најважен е интересот на граѓаните и државата. „Концептот на СДСМ е јасен: наместо во минатото ќе инвестираме во иднината, наместо во историја ќе инвестираме во образованието, наместо мегаломански проекти ќе инвестираме во здравството, наместо во мермер и бронза ќе инвестираме во инфраструктура, наместо криминалот и корупцијата ќе им даедме шанса на младите со подршка на нивните бизнис идеи и отворање на нови работни места,наместо национализам и лажен патриотизам ќе градиме демократско и толерантно општество.“-рече тој. Танасоски со порака до сите оние кои според него се под системска контрола на власта, како и оние кои не гласале во првиот круг, дека на 27ми ќе имаат можност да гласаат за промени за нов почеток.

Kostoski NarodnaНосителот на листата од редовите на ВМРО Народна партија, Ванчо Костоски, на денешната прес конференција повторно говореше за нивното решение околу долговите на општина Охрид. Костоски смета дека грижата на Владата за Охрид се гледа преку неодобрувањето на грантот од 4 милиони евра и дополнителното задолжување на општината со 1.5 милиони евра. Костоски рече: „Би се раздолжиле ако не направевте куршлуз во градбата на болницата овде во Охрид и 400 илјади евра отидоа во неповрат. Ние ќе почнеме и ќе го градиме автопатот Охрид-Кичево, меѓутоа не по цена од 5,5 милиони евра по километар должина, туку по една нормална цена согласно пределот од Охрид до Кичево, од некаде од 2,5 до 2,7 милиони евра по километар должина. По основ на тоа ќе се заштедат најмалку од 80 до 100 милиони евра.“ Според Костоски,  постои голема разлика во владеењето на ДПМНЕ и она на ВМРО Народна, а таа разлика тој смета дека се гледа најдобро во работењето на некогашниот охридски гигант ЕМО.

Robeski GROMСо прес конференција денес и партијата Гром. Кандидатот за пратеник од нивните редови, Сашо Робески вети дека посветено ќе работат на справување со корупцијата во државата.  Мерките кои ГРОМ ги предвидува за спречување на корупцијата се: Изградба  на систем заснован врз детални и систематски анализи за корупцијата во сите општествени подрачја, отстранување на административните процедури или бариери кои создаваат услови за корупција, јакнење на механизмите за отчетност при трошење на јавните финансии, зајакнување на улогата на Комисијата за спречување на корупцијата преку јасни и високи критериуми за избор на  членови на комисијата.“

{loadposition content9}