Skip to main content

Колеџот Јахја Кемал домаќин на „Саемот за наука и култура“

Средношколците од колеџот Јахја Кемал и основците од охридските училишта денес заеднички го реализираа Саемот за наука и култура.

 |  Јаковлева Лионела  | 
saem
саем



Колеџот Јахја Кемал денес беше претесен за сите кои учествуваа на Саемот за наука и култура кој беше организиран во оваа среднообразовна институција. На триесетина штандови основците од Охрид кои беа гости ги имаа поставено своите научни истражувања и своите културни обележја. Можеа да се видат најразлични експерименти од областа на биологијата, географијата, физикаат, хемијата, како и многу предмети карактеристични за македонската, албанската, турската па и другите европски и светски култури. На еден штанд се престави и ОМУ Методиј Патчев каде негови ученици изведуваа дела од познатите светски класици. Децата презадоволни од ваквиот хепенинг.

Денешниот саем свечено го отвори Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Тој рече дека ова е еден несекојдневен и многу добро организиран настан кој е заедничка проекција на училиштето Јахја Кемал и основните училишта од Охрид каде учениците имаат можност да ја покажат својата иновативност и своите знаења во истражувачката дејност.саем

-Имавме можност да се запознаеме со наставниот кадар  во Јахја Кемал, но од децата имавме можност да видиме каков се талент кријат за научно истражувачка дејност и за спроведување на иновации. Имавме можност да видиме и дел од културното богатство на различните народи кои живеат овде што е посебно доживување, рече Бакрачески.

Сурија Таук кој е задолжен за односите со јавност во колеџот Јахја Кемал рече дека не е прв пат во нивното училиште да се организираат вакви настани. Годинава, додаде Таук одлучивме да направиме еден ваков саем на кој ги споивме науката и културата.

-Ако не се преставуваме меѓу себе не ќе можеме да се запознаеме. Мора да ги знаеме традициите на сите народи за да можеме меѓусебно да се дружиме, рече Сурија Таук од однси со јавност во колеџот Јахја Кемал.

Инаку, Градоначалникот Бакрачески и директорот на Јахја Кемал се договориле од година уште повеќе да го омасоват овој настан. По се изгледа на 9Мај, денот на Европа овој саем ќе се одржи на градскиот плоштад во Охрид.

{loadposition content9}