Skip to main content

Бавен и неефикасен лек за сообраќајната некултура

Врнежите од дожд сигурно ги почуствувале поголемиот дел од пешаците.

 |  Голабовски Крсте  | 
isprskana
испрскана

Несовесните возачи воопшто не се грижат за тоа во каква состојба ќе стигнат на своето одредиште оние кои решиле пеш да прошетаат по дождот. Лекот за сообраќајната некултура кај нас за жал е бавен и неефикасен.

испрскан-Според членот 129 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возач што се движи по коловоз на кој има вода е должен да го приспособи возењето така што нема да ги испрска пешаците, велосипедистите, моторџиите и слично.

Полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, што значи дека мора да биде сведок на делото за да следува казна за несовесниот возач. Другата опција на докажување е да го задржите возачот што ве испрскал додека дојде полициска екипа, па потоа тој да го признае делото.

-Според законот, граѓаните можат да пријават прскање од несовесен возач на телефонскиот број 192. Но без да биде присутен возачот што го сторил прекршокот, ништо не може да се направи .  Според Законот, казната за ова дело е 35 евра во денарска противвредност, или 15 негативни поени впишани во возачката дозвола.

{loadposition content9}