Болниците стартуваа со нов систем на наплата на услугите
Системот на дијагностички сродни групи (ДРГ) почнаа да функционира во болниците во Македонија.
Медицински центар
Системот на дијагностички сродни групи (ДРГ) почнаа да функционира во болниците во Македонија.
Станува збор за систем на класификација на болничките пациенти во повеќе од 600 различни групи, сродни по дијагноза и просечни трошоци. Ова подразбира плаќање согласно вложениот труд, а не како досега рамномерно плаќање.
Целта на ДРГ системот е во фокусот да биде пациентот наместо како досега лековите и материјалите за работа. Со воведување на овој систем првпат ќе се има увид за тоа како се работи во болниците, увид на пациенти и нивниот конкретен третман. Секој пациент ќе знае што и колку во негово име добива болницата.
Со овој систем болниците ќе добијат можност за добро менаџирање и мотив за ефикасно работење.
Првпат во болниците ќе останат заштедите кои досега се враќаат во Фондот за здравствено осигурување, но и дополнителните приходи по основ на приватни пациенти и дополнителна дејност. Во таа насока, се очекува профитот да се искористи за инвестиции во нова опрема во болниците, зголемување на платите на вработените и нивна доедукација.

{loadposition content9}