Skip to main content

Мурињо изненади со изјавата по натпреварот

Му честитал на Атлетико и открил…

 |  инфодеск  | 

Менаџерот на Челзи, Хозе Мурињо, не го оспорувал пласманот на Атлетико Мадрид и неговиот пласман во финалето на Лига на шампиони.

По 0-0 на Висенте Kалдерон пред една недела, Атлетико во Лондон славеше со 3-1 и во Лисабон во финалето на 24 мај ќе се бори за шампион на Европа со градскиот ривал Реал Мадрид.

Челзи во возвратниот натпревар поведе со голот на Фернандо Торес, но фудбалерите на Диего Симеоне направија пресврт, а стрелци беа Адриан, Диего Коста од пенал и Арда Туран.

Пеналот со кој Атлетико поведе и за кој ми рекоа дека е чист, се покажа како клучен момент. До тој момент гостите не беа подобри. Но, на крај го имаа голманот за пресврт Куртоа, и напаѓачот за пресврт Диего Коста“, рекол Мурињо и додал: „Му честитам на Атлетико, заслужи да оди понатаму. Тоа е фантастична екипа“.

{loadposition content9}