Skip to main content

Првите холандски гости пристигнаа во градов

Холанѓаните кои денес пристигнаа во Охрид официјално ја започнаа новата туристичка сезона. Се очекува оваа година нивниот процент да се зголеми како резултат на заложбите што ги прави државата за подобрување на условите кои им се нудат во охридско-струшкиот регион.

 |  Јаковлева Лионела  | 
holangani
холанѓани

Од денес официјално започнува новата туристичка сезона. Претпладнето на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ пристигнаа првите холандски гости. Со чартер лет на Корендон и тур- операторот Фибула Ер Травел слетаа 189 патници.

Осми пат доаѓам во Македонија. Прв пат бев тука пред 7 години и навистина се вљубив во вашата земја. Среќна сум што сум повторно тука, ми надојдоа солзи во очите кога авионот слетуваше на аеродромот во Охрид, се осеќав како да си доаѓам дома , изјави една од гостинките од Холандија кои денес пристигнаа во Охрид.
-Јас прв пат доаѓам тука. Ме привлече вашиот фолклор и вашите природни убавини па сакав да ги видам, вели друга холанѓанка.холанѓани

Ова лето се очекува бројот на гости од земјите на Бенелукс да се зголеми за 20%  во споредба со минатата година. Минатата сезона во охридско- струшкиот регион престојуваа околу 23.000 гости од овој дел на Европа.

–  Оваа година очекувањата се дека бројката ќе се зголеми од 20 до 30%. Се работи на адапатација и реновирање на постоечките хотелски капацитети, како и на збогатување на туристичката понуда за гостите. Новина е што Фибула Ер Травел оваа година, од средината на месец јуни до крај на септември воспоставува и чартер лет од Анталија до Охрид, изјави Асим Меџедовиќ, извршен директор на Фибула Ер Травел .

Зголемувањето на бројот на странски гости се должи на напорите кои ги вложува владата за привлекување на странски туристи, велат од Агенцијата за промоција на туризмот.

Секоја година сме се подобри, и гостите се чуствуваат подобро, а и ние учиме од гостите. Еве охридско- струшкиот регион е се подобар во однос на самиот дочек и организација и содржините кои им се нудат на гостите. Сметам дека ги задоволуваме вкусовите и на најпребирливите гости, додава Насер Хот, советник во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Оваа година планирано е три пати неделно да има чартер летови од Холандија и Белгија, а во шпицот на сезоната и по четири чартер летови.

{loadposition content9}