Среден семеен живот фактор за среќа
Русите најсреќни во последните 25 години

Русите се се посреќни, покажало најновото социолошко истражување на Серускиот центар за истражување на јавното мислење. Истражувањето покажало дека чувството за среќа помеѓу Русите е најголемо во последните 25 години. За среќни се сметаат три четвртини Руси, при што чувствата за среќа е поврзана со период од последните две години, велат истражувачите.
Среќата, спрема истражувањата, меѓу руската популација е помеѓу 18 и 24 годишна возраст и помеѓу оние со високо образование.
Истражувањето уште еднаш потврдило дека среден фамилијарен живот е најголемото чувство на среќа на Русите – секој трет испитаник тоа го навел како главна ставка за среќата. Покрај тоа, за среќа според Русите, е и ситуацијата на работа.
На оние кои се изјасниле како несреќни, најголем извори за тоа биле ниските примања, староста и болеста.
{loadposition content9)







