Skip to main content

Симеоне изненадил со изјавата

По поразот од Леванте, на пресот изненадил со изјавата

 |  инфодеск  | 

По поразот од 2-0 од Леванте во 36 коло од шпанското првенство, Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид бил брилијантен со изјавите за печат.

“Овој пораз е најдобрата работа што можеше да се случи. Не чекаат три недели на висок интензитет полн со емоции. Ова е идеален момент за момците, за играчите. Не чекаат три фантастични недели”, рекол аргентинскиот тренер.

“Секогаш зборував дека се натпреваруваме со фантастични противници. Ги гледавме како губат и тоа за нас беше несфатливо. Сега дојде ред и ние да загубиме. Зад нас се три фантастични недели во кои бевме одлични и игравме добар фудбал”, додал Симеоне.

Во претстојните две кола до крајот на сезоната Атлетико ќе игра против Малага и Барселона, а ќе мора да ја победи Малага и да земе бод против Барселона за да стане новиот шампион на Шпанија по пауза од 1996 година. 

{loadposition content9}