Skip to main content

Бродска линија Охрид – Струга возможна понуда за туристите

Бродска линија Охрид – Струга  возможна  понуда за туристите.

 |  Валентина Неловска  | 
бродови
бродови

 

Воспоставување бродска линија на релација Охрид- Струга посакуваат охридските туристички работници. Додека се чека  меѓународната  бродска линија Охрид – Поградец нивна сугестија е што поскоро да профункционира сообраќајна линија и по воден пат помеѓу соседните градови. бродови Ова ќе биде одлична понуда за гостите  кои престојуваат во двата крајезерски града за разглед на туристичките знаменитости во двата града да патуваат со брод, вели Владо Суклоски туристички  работник и добар познавач на состојбите во туризмот. Според него, тоа финансиски  би чинело малку, а туризмот би добил многу.

„ Имаме во хотел Дрим, голем број на гости кои престојувааткои   не можат да дојдат со брод во Охрид. Еднаш во денот да бродовите д асе договоратда допловува брод и за Струга и за Охрид. За гостите е поинтересно да патуваат во двете насоки со бродска  линија отколку патување  со автобус “, укажува Суклоски.   

бродчеИдејата како  можност да се  воведе  бродска линија Охрид – Струга не е нова и е прифатлива за охридската капетанија. Капетанот Горан Устијаноски напоменува дека доколку условите на пазарот  покажат дека има побарувачка од ваква линија, можност за реализација постои. Пречка е тоа што Струга нема пристаниште, напоменува капетанот Устијаноски.

„ Ние во последно време разгледуваме таква можност. Изготвивме Акционен план за изградба на пристаниште во Струга и тоа е едно задолжение од Владата. Во престојниот период планот треба да се разработи и да се изготви документација и да се обезбедат средства. Сеуште сме во почетна фаза, но како атрактивна точка и Струга ја поддржуваме идејата да добие таков инфраструктурен објект.“  

На струшкото крајбрежје, во моментов, постојат неколку  пристаништа но надвор од центарот на градот, кај автокампот  Ас, Калишта и Радожда. Пристанување на бродови и користење на мостот е можно единствено кај хотел Дрим, но само при висок  водостој на езерото, укажува капетанот Горан Устијаноски.

{loadposition content9}