Skip to main content

Кога син на мафијаш командува, државата молчи и гледа

Приказна за случувањата пред натпреварот од финалето на Италијанскиот куп

 |  инфодеск  | 

Веќе неколку години финалето на купот во Италија се игра во Рим. Сме виделе двобои помеѓу Јувентус и Наполи, дури и градско дерби помеѓу Рома и Лацио, но ниту едно од тие финалиња не предизвика хаос како она саботното.

Едноставно, во Рим се најдоја четири групи кои меѓусебно, најблаго речено, не можат да се поднесат. Посебно е изразен анимозитетот, па дури и омраза, во триаголникот Рома-Наполи-Лацио, или воопштено на релацијата Рим – Неапол. Но да се разбереме, ниту виолетовите од Фиренца не се „цвеќе“.

Имено, се започнало со тепачката помеѓу навивачите на Фиорентина и Наполи. Во ова зела учество и полицијата, која се нашла на мета и на едните и на другите. Разни новински агенции јавуваа дека во инцидентите има и Романисти, но тоа се покажало како неточно.

Меѓутоа, токму екс лидерот на навивачите на Рома пукал со пиштол на четворица навивачи на Наполи. Токму тогаш настанала паника и страв од осветата на Наполитанците и дали воопшто ќе се одигра финалето.

Точната верзија е дека 10-20 хулигани на Наполи заминале во квартот каде живеел Даниеле Де Сантис (екс лидерот на Романистите кој пукал со пиштолот) за да се пресметаат со историскиот лидер на навивачката група на Рома. Де Сантис во Рим е познат под прекарот Гастон, а добро е познат на полицијата и на навивачката сцена. Со години нема право да влезе на Олимпико, а италијанската јавност се сеќава на него по случајот од 2004 година. Тогаш, тој преговарал со Франческо Тоти на римското дерби кое замалку ќе беше прекинато на полувреме поради гласините дека, се испоставило дека се неточни, полициско комбе прегазило дете.

Откако пукал во навивачите на Наполи, останатите го разоружале Де Сантис, а потоа брутално го претепале и му скршиле и нога. Полицијата не се возбудила премногу поради тоа, а ден подоцна истакнале дека целиот инцидент бил дело на „осамен лудак“, односно дека немало организиран напад од страна на навивачите.

Водачот на навивачите на Наполи Џенаро Ди Томазо се најде во центарот на вниманието токму пред почетокот на натпреварот и токму тој се прашувал дали натпреварот да се одигра, и токму тој го дал знакот „играта нека започне“.

Контроверзниот Ди Томазо е син на познатиот мафијаш од кланот Камора. Интересно е и тоа дека настраданиот од куршумот на Де Сантис, Чиро Еспозито, доаѓа од Скампија, неаполски кварт кој е наклонет на кланот Камора.

Злосторникот Ди Томасо е редовен на натпреварите на Наполи, а на крајот од натпреварот од финалето кое го доби Наполи со 3-1, истрчал со пехарот во рацете. За тоа време во ложата седеле челниците на италијанскиот фудбалски сојуз, градоначалникот на Рим и премиерот Матео Ренци.

{loadposition content9}