СВР Охрид го одбележува Денот на македонската полиција
Со низа свечености, СВР Охрид ќе го одбележи 7 мај Денот на македонската полицијата.
Со низа свечености, СВР Охрид ќе го одбележи 7 мај Денот на македонската полицијата.
Одбележувањето ќе биде работно, скромно и достојно на функцијата односно надлежностите на полицијата.
Во продолжение програмата за предвидените активности:
-Во 10 часот предвидена е посета на претставници на СВР Охрид на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ каде ќе биде промовиран проектот „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“
-Во 11 часот и 30 минути, посета на СВР Охрид ќе остварат учениците од македонските, албанските и турските паралелки од ОУ „Братство“. За нив во кругот на против-пожарната едницица, на сообраќаен полигон ќе биде изведен сообраќаен час и презентација на дел од материјално-техничките средства на СВР Охрид.
-Во 12 часот претставници на СВР Охрид, во локалната самоуправа ќе остварат средба со градоначалникот Никола Бакрачески кој на најдобриот полицаец ќе му додели пригодна награда.
-Во 12.30 во големата сала на СВР Охрид над против-пожарната единица, предвиден е свечен прием и средба со градоначалниците и со останати претставници на општините Охрид и Дебрца, со претставници на охридскиот Основен суд и Јавното обвинителство, со претставници на подрачните единици на министерствата, претставници на средношколските центри, на оделението за одбрана и на Армијата на Република Македонија, на царинската управа, на јавните претпријатија, Црвениот крст, на пензионерската организација и пензинирани работници на СВР Охрид, претставници на медиумите и невладините организации како и со други институции со кои СВР Охрид остварува работни контакти и координација во текот на годината.
– Во 14 часот финале на фудбалскиот натпревар на полициските служби.
{loadposition content9}