Skip to main content

Деби од соништата

Кој е новиот јунак на Олд Трафорд

 |  инфодеск  | 

Во ноќта кога еден од клупските великани можеби го одигра својот последен натпревар, се роди нова ѕвезда на Олд Трафорд.

Рајан Гигс го одигра можеби својот последен натпревар за црвените ѓаволи, иако треба службено да го потврди своето заминување, но тоа беше ноќ во која Гигс им даде прилика на младите играчи, а тоа со задоволство го врати 18 годишниот Џејмс Вилсон.

Дебитантот Вилсон одлично се снајде, два пати се запиша во листата на стрелци и стана четврт најмлад играч на Манчестер во Премиер лигата. Не е лошо за момче кое не било ни родено кога Гигс го освоил првиот наслов со Манчестер Јунајтед.

Младиот напаѓач не ни сонувал дека ќе се најде во првите 11. До неодамна играше за младата екипа до 21 година и помогнал да дојдат до титулата во Премиер лигата, победувајќи го Челзи во финалето. Вилсон оваа сезона бил стрелец 19 пати и се наоѓа во големите надежи на Манчестер Јунајтед.

Се истакнал во јуниорската екипа во Лигата на шампиони (пет голови во шест настапи), играл за младите селекции на Англија до 16 и до 18 години, а дебито за екипата до 18 години во Манчестер го имал со само 15 години. И тогаш постигнал гол во тоа деби. Вилсон успеал да постигне 5 гола во еден натпревар, а жртвата бил Њукасл.

Прв пат се појавува во весниците оваа сезона кога за екипата до 21 година направил хет-трик против Волфсите. Потоа следела споменатата јуниорска Лига на шампиони и блесокот кој го потврдува неговиот талент.

18 годишниот Вилсон е ценет на Олд Трафорд, а многу навивачи веруваат дека се работи за најдобар напаѓач кој дошол од редовите на младинците. Редовно игра со постарите генерации, што покажува колку е природно талентиран.

Моментално го носи дресот со број 47, а ако продолжи со вакво темпо, набрзо би можел да конкурира за деветката и правиот наследник на Енди Кол.

{loadposition content9}