Локалната со поддршка за отворање на филмска академија во Охрид
Градоначалникот Никола Бакрачески, вчера вечер имаше работна средба со членовите на иницијативниот одбор за отворање на академијата во Охрид. Најверојатно филмската академија ќе биде сместена во дел од просториите на Унивезтитетот „Свети Апостол Павле“.
Со гостите покрај за академското изучување на филмските вештини се разговарало и за можностите во Охрид да се отвори и професионално филмско студио најдобро опремено на овие простори. Меѓу другото било заклучено дека развојот на филмската индустрија во Охрид и снимањето на филмови воопшто, би биле магнети за привлекување на филмски ѕвезди од светски калибар, со што Охрид би имал не само економски бенефит туку би прераснал и во светски познат туристички и културен центар . На средбата било дискутирано и за можноста за организирање на охридски филмски фестивал кој би имал меѓународен карактер и кој би ја збогатил културната понуда во градов. Од локалната очекуваат во блиска иднина да биде промовиран целосниот концепт за отпочнување со работа на филмската академија во Охрид.
{loadposition content9}