Султанот на удар на јавноста
Шеријатот за султанот не важи

Султанот од Брунеи, во југоисточна Азија, неодамна дошол на удар на светската јавност поради воведувањето на шеријатскиот закон спрема кој хомосексуалците се каменуваат а на арамиите им се сече рака. Воведување на смртна казна е следниот неизбежен чекор, пишува Business Insider.
Таа кралска фамилија е најбогата на светот, а богатството на султанот се проценува на 20 милијарди долари.
За каков раскошен живот се работи, говори податокот дека султанот живее во палата со 1788 соби и 257 купатила! Неговата палата е втора најголема во светот, зад кинескиот забранет град. Султанот има 110 гаражирани автомобили, климатизирана штала со 200 пони коњчиња и пет базени.
Неверојатното расипништво на членовите на брунејската фамилија го потврдува и принцот Џефри Болкиах, брат на султанот Хасанал Болкиах, кој поседува 2300 автомобили и брод на кој му дал име Цицка и уште два брода кој ги именувал Брадавица1 и Брадавица2.
Откако на снага стапил шеријатскиот закон на 1 јуни, екс љубовницата на султанот проговорила детално за Daily Beast.
“Султанот и принцот се единствени кои можат да се однесуваат недолично. На сите останати, муслимани и не-муслимани, такви работи им се строго забранети, а сега и под закана со брутални казни поради шеријатскиот закон.
Приказните за разузданиот живот на кралската фамилија ги објавил и Роберт Рангел, екс заменик шериф во Лос Анѓелес кој поминал неколку години како шеф на осигурувањето на султанот и неговиот брат во ЛА. Спрема неговата книга, султанот и неговата фамилија на патувањата имале во придружба 150 слуги и помошници, а плаќале во Дизни да доаѓаат во Брунеи и да прават претстави за детските родендени. Алкохолот, кој е забранет, и љубовниците се секојдневна појава на султанскиот двор.
{loadposition content9}







