Анчелоти добил наредба од претседателот на Реал
Реал Мадрид очигледно изгубил надеж за Примера
Реал мадрид очигледно ги изгубил сите надежи дека ќе ја освои Примера, па во недела против Селта можеби ќе игра вториот тим на оваа екипа.
„Модриќ, Рамос и Бензема чувај ги за финалето на Лигата на шампиони, затоа што само тие од незаменливите останаа неповредени“, добил наредба тренерот Анчелоти од претседателот Перез, пишува Marca.
А кралевите во завршницата на сезоната ќе бидат ослабени и со неиграњето на Пепе, кој освен последните две кола на Примера, веројатно ќе го пропушти и финалето во Лигата на шампиони против Атлетико. Него ќе го замени Французинот Варан.
Во проблеми во завршницата на првенството ќе биде и водечкиот Атлетико, чиј напаѓач Диего Коста се повредил, а не е познато кога ќе се врати на теренот.
До крајот на Примера остануваат две кола, а Атлетико води со 88 бодови, три повеќе од Барселона и четири од Реал Мадрид.
{loadposition content9}


