Skip to main content

Емотивен говор на Занети

Занети се прости со дресот на Интер

 |  инфодеск  | 

Големиот аргентински фудбалер Хавиер Занети (40) го одигра својот последен натпревар на Сан Сиро.

Го разубавија своето простување со капитенот со убедлива победа над Лацио со 4-1 во 37 коло од Серија А, а брилијантен беше хрватскиот фудбалер за врска Матео Ковачиќ со три асистенции. На крајот од натпреварот Интеровите фудбалери го носеа на раце својот капитен, кој за миланскиот клуб во сите натпреварувања одигра 856 натпревари и постигна 21 гол. Во Интер играше непрекинато од 1995 година, кога дошол од Аргентина.

“Ви благодарам на сите. Немате претстава колу е ова емоционален момент за мене. Да кажам дека сте фантастични, не е доволно. Ви благодарам што бевте во моја близина цело ова време. Мојата единствена желба беше да ја бранам честа на Интеровиот дрес било каде во светот. Научив да го сакам Интер благодарејќи на вас. Ве молам да продолжите да го сакате овој тим, како што јас ќе го сакам засекогаш”, им порача Занети на навивачите.

“Благодарам на мојата сопруга Паула и на прекрасната фамилија која заедно ја подигнавме. Благодарам на татко ми кој е пред телевизор во Аргентина, благодарам на мајка ми која е во рајот и сега сигурно е среќна како мене. Благодарам на фамилијата Морати која сите овие години покажа верба во мене. Благодарност до претседателот Тохиро кој ми дозволи да продолжам да работам тука, што и ми беше отсекогаш сон. Благодарам на моите соиграчи, на овосезонските и сите поранешни, кои ми покажуваа голема почит”, изјавил понатаму капитенот Занети.

Легендарниот Аргентинец во Интер практично освои се што е можно да се освои. Пет пати беше првак на Италија, освои Лига на шампиони, купот на УЕФА, Светското клупско првенство, и по четири пати Италијанскиот куп и Суперкуп…

{loadposition content9}