Skip to main content

Вистински спас за дневниот центар „Зраци“

Решен инфраструктурниот проблем со кој се соочуваa штитениците и вработените од Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Зраци“ од  Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
пумпа
Pumpa

zraciНема веќе миење садови во тоалети. СанитарНо-техничкиот проблем со кој се соочуваа и штитениците и вработените од Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Зраци“ од Охрид сега веќе го нема. Со помош на Локалната самоуправа и ЈП „Нискоградба“, беше инсталирана потопна пумпа  која ги спроведува отпадните води од центарот до градскиот канализационен систем, бидејќи самиот центар се наоѓа во подрумски простории. Сашо Донев директор на ЈП „Нискоградба“ задоволен од сработеното, но и од можноста да се помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.

„Деновиве ја поставивме и како што слушнавте од луѓето кои што тука работат, таа непречено функционира и со ова ние го подобривме начинот на функционирањето на овој дневен центар. Големо е задоволството и треба да им се помогне на ваквите здруженија за подобро да функционираат“ потенцира Донев.

Инаку финансиската рамка на целиот зафат изнесува околу 40.000 денари, а запазени се и сите законски регулативи во реализација на истиот.  Во Дневниот центар  „Зраци“ своето време го поминуваат околу дваесеттина деца и млади со интелектуална порпреченост од градов, а за тоа од колкава помош ќе биде поставувањето на пумпата проговори и  Зоран Костадиноски –  дефектолог во центарот.

„Со помош на Јавното претпријатие „Нискоградба“ ни беше донирана една пумпа и целосните припреми околу изграбата на шахтата, цревата за вода беа од нивна страна инсталирани и на тој начин, спас стана за дневниот центар зашто кујната и дефинитивно се стави во функција со употребата на оваа потопна пумпа“, објаснува Костадиноски.

DenicaДека Дневниот центар „Зраци“ не е оставен сам на себе зборува и грижата на членките на Лајонс клубот „Деница“ од Охрид, кои продолжуваат со нивните заложби за подобрување на условите за живот на дечињата со пречки во развојот кои ги користат услугите на центарот. Костадиновски ја искажа својата благодарност кон сите луѓе кои помогнаа да се подобрат условите за живот на  штитениците од центарот.

„Здружението „Деница“, преку нивни активности, нивна акција, прибра поголема сума на парични средства, повеќе од 30.000 денари кои ќе бидат искористени за набавка на храна за корисниците на дневниот центар, сакам да му се заблагодарам на здружението „Деница“ и кабловската „Инфел“ коишто во таа акција ни донираше кабловска и интернет за користење во просториите на дневниот центар“, благодарен е Костадиноски.

За поздравување е ваквиот гест на локалната, Јавното претпријатие и секако на сите хумани луѓе од градов без разлика дали делуваат организирано или не, но потребно е уште .

„ТВМ“ Телевизија и понатака продолжува со серијата прилози посветени на функционирањето на дневните центри за лица со интелектуална попреченост од нашиов град, и секако со напорите кои заедницата ги прави да им се помогне за нивно нормално функционирање.

{loadposition content9}