Од понеделник ќе се реконструира дрворедот на ул.„Партизанска
Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека од понеделник-19.05.2014 год. започнува со реконструкција на дрворедот по ул. „Партзанска“.
Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека од понеделник-19.05.2014 год. започнува со реконструкција на дрворедот по ул. „Партзанска“.
Постоечките дрвја на оваа улица ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Искуството со дрворедот по ул.,,Димитар Влахов,, покажа дека овие дрвја кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен.
Заради тоа упатуваме барање и апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на ул ,,Партизанска,, во времетраење од 06.00час-12.00час по следната динамика:
понеделник -19.05.2014 год.: потег Пошта-Факултет ,,Св.Апостал Павле,,;
вторник -20.05.2014 год. : потег Факултет ,,Св.Апостал Павле,,-Полигон;
среда -21.05.2014 год. : потег Полигон- Католичка црква;
четврток -22.05.2014 год. : потег Католичка црква-Комерцијална банка.
Доколку заради објективни причини настане промена во динамиката на замената на дрворедот граѓаните ќе бидат благовремено известени.
{loadposition content9}