Skip to main content

Меѓународен ден на СОС линијата за помош на децата

Под мотото „Правото да си слушнат“, годинава по осми пат се одбележува Меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот.  Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши е дел од меѓународната мрежа Child Helpline International – која ги обединува СОС сервисите за помош на деца од земји ширум целиот свет. Оваа меѓународна детска линија за помош е глобална мрежа и вклучува 178 детски линии за помош.

 |  Николоска Биљана  | 
megasi
меѓаши

megasiФункцијата на СОС телефоните е од огромно значење бидејќи  овозможуваат гласот на секое момче и девојче да биде слушнат, посебно на оние кои се инволвирани во семејните проблеми и зависни од постапките на возрасните, кои пак не секогаш свесно и правилно постапуваат со децата. Добро е да се знае дека од помошта децата ги дели само еден телефонски повик, велат од првата детска амбасада Меѓаши.  Само во 2013 година на СОС телефонот за деца и млади 08001 2222 биле регистрирани 279 контакти, а со кои подоцна дополнително било комуницирано 969 пати. Од Меѓаши апелираат до претставниците на Владата,  телекомуникациските служби и социјално одговорните бизнис партнери финансиски да ги поддржат СОС линиите кои им помагаат на децата, бидејќи засега оваа линија е достапна само преку конкретен телефонски оператор и не е достапна преку мобилен телефон.

{loadposition content9}