Компанијата eBay, која дава онлајн услуги за аукциско купување и продавање, соопштила дека во нападот на хакери се украдени информации за клиенти, вклучувајќи ја и електронската пошта, датуми на раѓање и адреси.
eBay ги повикал корисниците да ја сменат својата лозинка по нападот на базата на податоци која исто така содржи лозинки, адреси и броеви на телефони. Исто така соопштиле дека не се пронајдени докази за неодобрен пристап во податоците на кредитни картички.
Портпаролката на eBay, Кери Рамирез, изјавила дека засега не се знае колку клиенти се погодени со тој напад.
“Веруваме дека може да стане збор за голем број на засегнати клиенти и затоа ги повикуваме сите корисници на eBay да ги променат своите лозинки”, рекла Рамирез.
{loadposition content9}