Одлични резултати на Балабан и Алексовска во Бугарија
Вицешампионска позиција за Нина Балабан, четврта за Ангела Алексовска на меѓународниот Турнир со воздушно оружје, што се одржа на 17-18.05.2014 год. во Сандански Р.Бугарија.
Вицешампионска позиција за Нина Балабан, четврта за Ангела Алексовска на меѓународниот Турнир со воздушно оружје, што се одржа на 17-18.05.2014 год. во Сандански Р.Бугарија.
За првпат оваа година стрелците од СК,,Охрид“ не се закитија со златен медал на турнирот, односно со сребрен медал се закити Нина Балабан, во јуниорска конкуренција со резултат од 403 кругови. Голем успех на Ангела Алексовска, која постигна резултат за 7 кругови поголем од минималната олимписка норма.
И покрај ваквите резултати кои константно растат од натпревар на натпревар, надлежната институција во Македонија-Македонска спортска стрелачка федерација, не се одважи да ја пријави Ангела на престојниот светски јуниорски Куп во Сул, што воедно беше и последната можност за квалификација за младинската Олимпијада во Нанџинг, ниту пак до клубот испрати одговор на барањата за пријава на стелец на трошок на клубот.
Уште една млада јуниорка-Јана Маркоска, која има само 15 години, константно го подобрува својот резултат, па на овај турнир таа се пласира на 8-та позиција со резултат од 375,8 кругови.Јуниорите пак Попоски Васко, Гоџоски Мартин и Попоски Антонио, ја немаа таа среќа да се закитат со медал. Тие во својата категорија се пласираа на 6-тото, 7-мото односно 8-мото место со резултати од 559,2 555,6 и 529,8 кругови.Останува отворено прашањето-зошто ние како клуб ревносно работиме во градењето на овие млади спортисти, ако тие немаат можност да ги докажуваат своите квалитети и надвор од државава???
Со Државното првенство што се одржа на 10.05.2014 год. на стрелиштата во Корчагин и Кисела Вода во Скопје, завршија и овогодинешните натпревари во стрелаштво во национална програма.
Од охридските клубови настапија само 7 стрелци и тоа 4 пионери и 3 сениори. Најдобро пласирани беа Димитар Патчев од ЖСК ,,Лихнидос,, кој заврши на втората позција со резултат од 162 кругови, додека Виктор Димоски со резултат од 160 круга се пласира на третата позиција. На ова првенство за првпат настапија Наумоски Цветко и Боризов Мартин кој постигнаа резултати од 147 односно 114 кругови.
{loadposition content9}