Претседателот Иванов се сретна со поглаварот на Римокатоличката Црква
Со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во средата во Ватикан, претседателот Ѓорге Иванов и македонска државна и црковна делегација ги почнаа активностите во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил”.
Со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во средата во Ватикан, претседателот Ѓорге Иванов и македонска државна и црковна делегација ги почнаа активностите во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил”.
На средбата, Иванов и папата Франциск разговараа за состојбите во христијанството, релациите на Македонија и Ватикан, кои годинава одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи, како и за прашања од историјата, филозофијата и секојдневието, пренесува МИА.
Со папата Франциск, посочил Иванов, се разговарало за тоа како да се негуваат во Македонија вредностите кои се и основа на христијанството, односно почитта на другиот, дијалогот меѓу луѓето и желбата за постигнување мир и сплотеност меѓу луѓето во нашата држава, како и секаде во светот, како мисија што ја промовира и Неговата светост.
На средбата македонскиот претседател повторно го поканил Папата да оствари посета на Македонија. Оценето е дека во изминатите 20 години од кога се воспоставени дипломатски односи на Македонија и Ватикан се изградени почит и пријателство кои создаваат основа за нова соработка. Тоа, пред се, нагласи, е за користење на архивите коишто ги има Ватикан со документите кои се однесуваат на нас и на нашата историја и на соработка во областа на историјата, културата, каде што може да се најде заеднички интерес.
{loadposition content9}