Фонтаната кај Чинарот заборавена од надлежните
Фонтаната кај Чинарот заборавена од надлежните.
Институциите заборавија на одржувањето на хигиената на градската чешма под Чинарот. Таа во топлите денови е вистински спас од жештината но се „дави“ во нечистотија. Граѓаните и туристите кои тука во голем број ја гасат жедта мора да замижат пред грдата глетка. Порачуваат надлежните да не дозволат еден туристички град како Охрид да бидат неодговорни за нејзината хигиена.
Наталожената нечистотија која се пластела со години е недозволива. Околните дуќанџии коментираат дека фонтаната веќе подолго време не ја чисти никој. Внатрешниот дел на фонтанатат последен пат го исчистиле пред 2 -3 години вработените од еден дуќан во непосредна близина. Состојбата со градската фонтана одава слика дека таа е заборавена од надлежните.
Одржувањето на хигиенат на јавната чешма кај Чинарот досега не беше задолжение на никого. Од јавното претпријатие Комуналец информираат дека од денес натака нивна должност ќе биде одржувањето на хигинета.
Од Локалната самоуправа информираат дека контролата за чистотата е наделжност на Главниот општински инспекторат. Тие даваат налог за нејзино одржување. Од фактичката состојба се заклучува дека за хигиената на јавната градска чешма потфрлиле комуналните инспектори.
{loadposition content9}