Брод од Првата светска војна крие Охридското Езеро
Брод од Првата светска војна се наоѓа на дното од Охридското Езеро. Станува збор за уште еден атрактивен воден локлалитет во Струга велат од Научната установа Музеј „Др Никола Незлобински“.
Артефакти од Првата светска војна крие Охридското Езеро во струшкиот дел. Годинава на нивно откривање работи струшкиот музеј „Др Никола Незлобински“. Директорот на установата д-р Сашо Цветкоски нагласи дека набрзо ќе има промоција на овој атрактивен проект кој е поврзан со еден Европски настан, односно вклучување на музејот во одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна.
„Тоа е една потопена композиција брод со некоклу придружни елементи и тоа е многу интересно, тоа укажува дека фронтот и дел од фронтот и овде поминувал, значи и овие наши предели биле вклучени во тие борбени дејствија а тоа кај нас е реткост и претставува еден таков раритет на кој ние ќе се посветиме и промовираме.“ – вели Цветкоски.
Цветкоски не откри детали каде точно се наоѓа потонатиот бродот, но вели дека на дното од езерото тој лежи околу 100 години. Сеуште се прибираат податоци кои треба да ги обелоденат во јавноста околу тоа, за каква намена се користела таа бродска композиција.
„Од презентирање на моделот на бродот функцијата на бродот така да ние веќе се поврзавме со некои институции во Германија кои го имаат конструирано и градено тој брод така да се надевам дека малку пошироко ќе го афирмираме тоа – изјави Цветкоски.
Допрва следуваат видео снимки за овој брод, кои ќе ги изведат дипломирани археолози на кои специјалност им се подводните истражувања. Цветкоски кажа дека уште за време на поранешна Југославија имало екипа која го проверила бродот и сите експлозивни елементи биле отстранети.
{loadposition content9}