Skip to main content

Ги проголтал редок временски феномен

Се појавил невереојатен бел ѕид

 |  инфодеск  | 

Неодамна додека пловеле со својот рибарски брод, рибарот Ендрју Балард во друштво на својот татко, наишле на несекојдневна глетка на езерото Мичиген.

Од својот брод воочиле огромен облак кој пред нив направил бел ѕид што се спуштал на површината на езерото и во права линија се протегал десетина километри. Во сцена која потсеќала на глетка од филмовите на стравот и ужасот, облакот се приближувал а набрзо го проголтува малиот рибарски брод.

Ендрју рекол дека тој и татко му одлучиле да останат на езерото и да видат како е кога ќе те проголта ваков облак. “Видовме како низок облак се приближува кон нас. Полека се приближуваше и тогаш сфативме колку е блиску до водата. На момент помисливме да се повлечеме но превладеа љубопитноста бидејќи сакавме да видиме како е кога ќе те проголта ваква магла. Брановите станаа големи, видливоста се намали на неколку метри, температурата нагло падна а ние не знаевме повеќе каде се наоѓаме. Кога малку се расчисти облакот видовме виножито”, раскажал Ендрју.

Тој додал дека на брегот се вратиле со помош на GPS.

Имено, ваков облак е феномен кој експертите го нарекуваат адекватна магла. Се формира при струење на топол воздух заситен со водена пареа над ладна подлога.

{loadposition content9}