Skip to main content

На денешен ден некогаш се славеше денот на младоста

Славни спортисти и младинци носеа штафета в рака

 |  инфодеск  | 

Со носење на штафетата на младоста, славни спортисти и угледни младинци се качуваа на свечените трибини и ја предаваа штафетата  каде беа  Јосип Броз Тито, неговата сопруга и најблиските соработници.

Штафетата беше секоја година со различен дизајн, а во неа се наоѓаа пораки на младината на СФРЈ за саканиот претседател од сите тогашни републики.

Во тој свечен момент, со пригоден говор, Тито ја превземаше штафетата секогаш напомнувајќи дека таа е носена претходно од младинците и дека преминала илјадници километри предавајќи ја од рака в рака од Триглав до Гевгелија. Тоа било своевиден празник на тогашна Југославија.

Иако овој датум не се поклопуваше со неговиот официјален датум на раѓање, Тито го прифатил како роденден  и го славел заедно со народот.

На чело на СФРЈ се наоѓал полни 35 години и имал несомнено огромен углед во тогашниот свет. Посебно големо значење неговата улога имала во меѓународните односи како еден од основачите на движењето на неврзаните, кое во тогашните меѓународни околности имало голема тежина.

За неговата историска улога сведочи и неверојатното масовно присуство на најистакнати личности на тогашниот свет на неговиот погреб на 8 мај 1980 година. Тогаш присуствувале повеќе од 200 високи личности од 127 земји од светот.

Денот на младоста се поклопува и со германскиот десант на Дрвар на 25 мај 1944 година, кога Тито успеал да се спаси од десантот на германските падобрански единици.

Во внатрешната политика во сплет на околности оставил уредување кое на крајот се покажа како неодржливо а специфичниот систем, на консензус помеѓу претставниците на републиките и покраините ќе се покаже со времето, како нерешлив проблем.

{loadposition content9}