Антикорупциска ќе каже колку коштаа изборите
Aнтикорупциската комисија неделава ќе го објави финалниот извештај за тоа колку пари потрошиле партиите во изборната кампања за предвремените парламентарни избори, како и за претседателските избори.
Aнтикорупциската комисија неделава ќе го објави финалниот извештај за тоа колку пари потрошиле партиите во изборната кампања за предвремените парламентарни избори, како и за претседателските избори.
Од Комисијата велат дека повеќето од партиите ги имаат поднесено извештаите, но ќе чекаат до законски предвидениот рок пред да излезат со финалните бројки.
– Рокот до кога партиите треба да ги достават извештаите за изборите е еден месец по завршувањето на вториот круг што беше на 27 април. Некои ги доставуваат по пошта, па затоа ќе причекаме. Кандидатите за претседател, кои не влегоа во вториот круг на изборите за претседател, веќе ги доставија податоците – напоменува Мирјана Димовска, член на Комисијата.
Покрај целосниот финансиски извештај, партиите беа должни да доставуваат финансиски извештаи за секои десет дена од изборната кампања. Според тие податоци, во вторите десет дена од кампањата за претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ потрошиле 36.437.992 денари, СДСМ – 364.067 денари, а ДУИ – 8.128.765.
Не се познати вкупните пари што ги потрошија двајцата претседателски кандидати, Ѓорге Иванов и Стево Пендаровски. Тоа го направија единствено Зоран Поповски од ГРОМ и Иљаз Халими од ДПА, кои не влегоа во вториот круг. Според податоците од Државната комисија за спречување на корупција, Изборниот штаб на кандидатот на ДПА за кампањата потрошил околу 300.000 денари, додека ГРОМ потрошиле близу 5,5 милиони денари.
Во извештајот на партиите транспарентно треба да биде наведено сѐ што потрошиле за изборите, колкави приходи имале, како и списокот на донации. Вкупните трошоци на партиите не треба да надминуваат од 180 денари по гласач. Сумата, пак, што физичките лица можат да ја дадат за партијата како донација за партијата е 5.000 евра, додека, пак, за компаниите таа е 50.000 евра.
Покрај до Антикорупциската комисија, партиите се должни извештај за потрошеното да поднесат и до Државната изборна комисија.
Откако Антикоруписката комисија ќе ги потврди извештаите за потрошеното на изборите, партии ќе ги добијат и законски предвидени 15 денари по гласач, доколу освоиле над 1,5 отсто од излезените гласачи.
{loadposition content9}