Skip to main content

Ураганите се селат јужно и северно

Бројни региони во светот мора да се припремат за тропски бури

 |  инфодеск  | 

Тајфунот Хиајан минатата година усмрти 6.000 луѓе на Филипините и покажа што можат да направат тропските урагани. Пред две години ураганот Сенди во САД докажа дека и богатите индустриски земји можат да бидат затекнати со природна катастрофа, пишува DW.

Спрема новата студија на Американскиот завод за временски прилики и океанографија (NOAA), бројни региони, првенствено Пацификот и јужниот дел од Индискиот океан, мораат да се припремат за тропските бури.

Научниците, заедно со  метеорологот Џејмс Косин, пресметале дека тропските бури во изминатите 30 години се поместиле повеќе од 50 километри вон својот вообичаен појас – кон Јужниот и Северниот пол. Трендот е посебно видлив во Пацификот и во Индискиот океан. Оваа студија скренала посебно внимание на експертската јавност бидејќи досега не се правени долгорочни анализи за тропските бури.

Многу научници ова го поврзуваат со промената на климата а глобалното затоплување го менува и начинот на циркулација на воздухот. На создавањето на тропските бури, негативно влијаат посебните видови на ветрови кои се резултат на големената разлика на притисокот во различни слоеви од атмосферата. Истражувањата покажале дека тие посебни видови на ветрови се засилени долж екваторот, што во тоа подрачје се намалува ризикот од бури. Истовремено, тие ветрови се ослабени на рабовите од тропскиот појас, па опасноста од бури е зголемена.

Тропските бури се типични во региони каде температурата на морето е помеѓу 28 и 30 степени целзиусови. Како што се приближува температурата на морето до овие граници така и опасноста од бури е зголемена. Сигурно е дека одредена улога во сето ова игра и потенката озонска обвивка и присуството на хемикалии и аеросоли во воздухот.

Експертите од NOAA предвидуваат дека тајфуните кои досега својата кулминација ја имаа отприлика на северниот дел на Филипини, во иднина би можеле да се најсилни во регионите како Хонг Конг, Тајван, Јапонија и Јужна Кореја. Само во Хонг Конг, Шангај, Токио и на Тајван живеат околу 60 милиони луѓе.

Светската метеоролошка организација нагласува дека повеќето жртви од тајфуните, како Сенди и Хаијан, страдале во поплави. Во изминатите 200 години од последиците на поплавите во крајбрежните подрачја настрадале најмалку 2,6 милиони луѓе. Растот на нивото на морињата и растот на населението во крајбрежните градови само ќе ја заостри ситуацијата, проценува оваа организација.

{loadposition content9}