Skip to main content

Вдиши театар

Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви најавува одржување на Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши театар“.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

програмаВо рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви најавува одржување на Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши театар“.

Целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на средношколците во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на драмските секции од училиштата, но и поттик за професорите во осмислување и креирање на драмски текст. Самиот фестивал ќе биде еден чекор напред во подигнување на театарската култура, не само кај младите, туку и кај останатите граѓани, а воедно и збогатување на културната понуда во градот.

На овој пет дневен младински театарски фестивал, својот актерски талент, низ 6 театарски претстави ќе го прикажат преку 100 талентирани млади актери-аматери од Охрид, Кичево, Ужице и Крагујевац, што воедно ќе отвори можност за сплотување на театарски групи од градот и соседните држави, соработка, размена на искуства и стекнување нови пријателства.

програмаПрвиот Аматерски Младински Театарски Фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ ќе се реализира во Охрид,  во периодот од 28 мај  до 1 јуни 2014 година.

Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 28.05.2014 (среда) во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 20 ч. со прикажување на претставата „Суд за морални вредности“ во изведба на театарската група на Црвен крст Охрид.

{loadposition content9}