Skip to main content

Атлетскиот клуб Охрид ќе згасне, тренерот Димитров најавува повлекување

Атлетскиот клуб  Охрид ќе згасне, тренерот Димитров најавува повлекување.

 |  Валентина Неловска  | 
ataletika
atletika

Охридските атлетичари не  учествуваа на квалификациониот куп на Македонија  за сениори и сениорки. За прв пат останаа без лични резултати  кои требаше да им ги отворат вратите за учество во натпреварот на Европското првенство во Грузија.  Атлетскиот клуб Охрид е во финасиска криза, а Локалната остана глува на барањето  на раководствотo на клубот да ги поддржи  охридските атлетичари за натпреварите, вели тренерот на клубот професор  Влатко Димитров. Тренерот Димитров ова го смета за голем  пораз на атлетскиот клуб кој има близу 4 децениска традиција. Како што вели по многу години вложен труд, љубов  и волонтеризам тој најавува  повлекување од атлетскиот клуб.
atletika
„ Тоа значи дека ставаме најверојатно клуч на Атлетскиот клуб Охрид. За жал прв пат се случува од постоењето на клубот до денес општинатат да не излезе во пресрет и да не ни овозможи да учествуваме за првото место и испаѓа за прв пат дека општината е гробар на атлетиката во Охрид“, вели професор  Влатко Димитров тренер на АК Охрид и селектор на македонските  атлетичари.

На барањата на Атлетскиот клуб Охрид  не излегле во пресрет ни од  Агенцијата за млади и спорт. Не добиле помош во висина од 30.000 денари нити од Локалната самоуправа, кажува разочарано Димитров. Средствата биле побарани за да се покријат трошоците за  патување и престој на атлетичарите во Скопје.  На квалификациониот натпревар не отпатуваа охридските атлетичарки  Ангела Секулоска и Мартина Мироска. Тие  се дел од  13 -те охридски атлетичари членови на македонската атлетска репрезентација. Тие  подолго време тренираат атлетика. Сега стравуваат што ќе се случува со клубот и нивните  спортски резултати за кои макотрпно и секојдневно тренираат.

„ Оваа ситуација не загрижува. Нормално сме револтирани докажавме дека сме најдобри но не ни беше озвозможено тоа да го потврдиме. Секако ако нашиот тренер се повлече  ние стоиме зад него“, кажува  Ангела Секулоска.
atletika
„ Со оваа ситуација сме изреволтирани затоа што не ни овозможија да направиме резултати. Ако се повлече  професорот Димитров ние не ќе можеме да тренираме затоа што нема друг тренер како него“, додава  Мартина Мироска.
 
ТВМ стапи во контакт со Локалната самоуправа за да дознаме дали има намера да го помага клубот.   Општинскиот портпарол Томе Џамтоски вели дека атлетскиот клуб и досега бил помаган од општината. Тренираат на стадионот и ја користат тартан патеката , напоманеува Џамтоски. Сме излегувале во престрет за превоз припатрувањаколку што сем биле воможност. Законот за спорт  е дециден спортските друштва треба да езгистираат како акционерски друштва и ние не можеме да ги покриваме сите трошоци на клубот. Порачува менаџментот да се потруди да најде спонозори и донатори. На прашањето дали не е срамно градот за 30.000 денари да ги остави спортистите на цедило и да го  доведе во прашање постоењето на Атлетскиот клуб Охрид, Џамтоски со одговор.

„ Да може е срамно за градот,  но каде се фирмите од градот? Не може за секоја работа да се тропне  на општинската  врата и да се бараат средства, нема крај. Не е еден  клуб во градот ги има многу спортски клубови.“

Со ваквиот став  од Локалната самоуправа како да забораваат дека атлетскиот клуб со 4 децениско постоење и  20 репрезентативци кои потекнуваат токму од овој клуб би требало да имаат некој приоритет во поддршката. Локалната самоуправа во буџетот за спорт и рекреација за 2014 година има  планирани средства во висина од 8. 750.000 денари.   


  {loadposition content9}