H&M е добро познат светски бренд, меѓутоа на многумина не им се познати разните статистики и факти од историјата на компанијата.
Ова се десет интересни факти за шведскиот моден ланец Hennes&Mauritz:
H&M првата продавница ја отворил во шведскиот град Vastersau во 1947 година, а компанијата ја основал претприемачот Erling Persson.
Компанијата на почетокотсе викала само Hennes, што на шведски значи “за неа”. Дваесетина години подоцна го добила името Hannes&Mauritz, по аквизацијата со ланецот Mauritz Widforss.
Компанијата денес има 3200 продавници во повеќе од 50 земји ширум светот.
H&M вработува 116 илјади луѓе ширум светот.
H&M има 160 свои дизајнери и 100 креатори.
Во 2009 H&M ја стартувал сестринската компанија H&M Home, наменета за производи за опремување домови.
H&M нема во сопственост фабрика за производство, туку работи со 900 независни добавувачи, воглавно од Европа и Азија.
Во минатиот месец H&M забележала скок на продажбата од 17% на годишно ниво, што претставува најсилен раст во последните пет месеци.
Во првото фискално тромесечие на тековната година, H&M отстварил вкупни приходи, без данок на промет, од 32,1 милијарди шведски круни (5,03 милијарди долари), што е за 12% повеќе од минатата година.
Пред неколку години шведскиот ланец се здружил со поп иконата Мадона за лансирање на посебната колекција под името M’by Madonna.