ПСУ Јахја Кемал едуцира светски умови
ПСУ Јахја Кемал едуцира светски умови.
Приватното средно училиште Јахја Кемал едуцира светски умови. Ова е прво приватно училиште формирано во 1996 година со одлука на Владата. Во оваа средношколска образовна институција се едицираат голем број квалитетни кадри. Досега над 100 -тина завршени средношколци се запишале на престижни светски образовни институции.
Информатичари, математичари физичари и економисти од земјава се стекнале со диплома или студираат со целoсни стипендии на најпрестижните светски универзитети, како што се Харвард , Кенбриџ, EM-AJ -TИ. Само оваа година 15 ученици добија стипендии за да го продолжат високото образование на 6 топ универзитети во светот, вели портпаролот на училиштето Сурија Таук.
Во 1996 година училиштето започнало со 24 ученици, во моментов се школуваат 1650 ученици, а има над 2000 дипломци. Јахја Кемал има средни улилишта во Гостивар, Струга, Боговиње.
Од пред 6 години во Скопје, Јахја Кемал отвори и приватно основно училиште. Во 2010 сновно училиште се отвори и во Стуга , а од оваа година основно училиште постоии во Боговиње.
Портпаролот Таук нагалсува дека училиштето е добар двигател за македонскиот образовен систем. Најголема е придобивката што сите етнички заедници функционираат во иста образовна институција.
ПСУ Јахја Кемал ги стипендира најдобрите ученици од земјава. Создаваат здрава конкуренција и ги мотивираат учениците да напредуваат во своите знаења и успеси.
{loadposition content9}