И додека во САД можете да сретнете Starbucks coffee на секој чекор, овој ланец на кафулиња во Австралија се претворил во потполно промашување. Starbucks во Австралија спаднал на само 24 кафулиња, а нивната лиценца ја превземала компанијата Withers Group, која во таа земја управува со трговски ланец кој се вика 7-Eleven, пишува Bloomberg. Вредноста на спогодбата не е откриена.
Starbucks се појавил во Австралија во 2000 година, но не успеа да ја добие битката со другите ланци на кафулиња, како што е McCafe од McDonald, кој се појавил во земјата уште во 1993 година.
Starbucks исто така во Австралија имал високи цени, а голем број на локали биле отворени во реони вон пешачките зони и малку се вложувало во маркетингот на тој пазар. До 2008 година загубите достигнале 100 милиони долари, а компанијата затворила 61 од 84 локали.
Имено, Starbucks работи на повеќе од 23 илјади локации ширум светот.
{loadposition content9}