Skip to main content

Siemens со нова стратегија

Европскиот инжинерски гигант со нови планови

 |  инфодеск  | 

Извршниот директор на Siemens, Joe Kaeser, изјавил дека европскиот инжинерски гигант ќе укине 11.600 работни места во склоп со плановите за намалување на трошоците за околу милијарда евра, известила во петокот агенцијата Bloomberg.

Околу 7.600 работни места ќе бидат укинати низ рационализација и правење нова структура на дивизиите, а уште 4.000 низ регионалните кластери, објавил Bloomberg повикувајќи се на зборовите на извршниот директор Joe Kaeser, кој тоа го кажал во средата на видео конференцијата во Њујорк.

Kaeser рекол дека на некои вработени ќе им бидат доделени нови улоги.

“Одреден број на луѓе работат на координација и анализа”, рекол тој. “Веруваме дека околу 20% од нив би можеле да ги распоредиме на други работни места”.

Siemens со ова го најавил долго очекуваниот план за реконструкција како би можел да фати чекор со профитабилните конкуренти. Во склоп со реконструкцијата под името “Vision 2020” компанијата објавила дека ќе го скрати менаџментот со намалување на дивизиите на девет, ќе ги даде на берза акциите на компанијата за слушни апарати и ќе ги одвои управувањето со здравственото работење. 

{loadposition content9}