Монографија по повод 50 години од матурата
Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“, беше промовирана Монографијата по повод 50 години од матурата, од Димче Стојкоски Лепиот. 123 страници и 170 слики, за спомен на колегите од неговата генерација.
Зборовите бледнеат, сликите остануваат. Безвреден е животот ако зад него не оставиме спомени, рече авторот на Монографијата по повод 50 години од матура, Димче Стојкоски Лепиот. „Оваа книга претставува трајно дело и ќе биде пионер на ова школство на сите генерации во сите сфери на општеството“, вели Стојкоски.
„Јас сум благодарен што успеав да ја напишам оваа книга, благодарение на моите колеги кои ми доставија фотографии. 50 години од матурата ги содржи сите активности на генерацијата кои активности на чело со професорите кои што ни беа и родители и другари бевма научени на добро и работно да покажеме резултати и сме една од 14 генерации најдобра“.
Промоторот и рецезент на Монографијата Владимир Ѓоргоноски, истакна дека денешната промоција на книгата на авоторот Стојкоски е само потврда дека тој одговорил на поставената задача од пред две години, односно на парче хартија да запише случки од нивната генерација.
„Сакам да кажам секоја пофалба и немам зборови јас како рецезент кој бев на таа монографија и сите заслуги и успеси на авторот на таа монографија кој што успеа во слики и зборови да го прикаже сето она што се случуваше школската 58 – 1962 год“.
Промоцијата на Монографијата беше во Центарот за култура „Григор Прличев“. На неа присуствуваа повеќе истакнати професори, гости и колеги на авторот. Монографијата по повод 50 години од матурата, авторот со сопствени средсвта успеал да ја испечати во неколку примероци кои денес се продаваа по 200 денари.
{loadposition content9}