Поскапуваат бензините
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука, малопродажните цени на горивата од вечерва на полноќ дапоскапат за 1 и 1, 5 денари за литар.
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука, малопродажните цени на горивата од вечерва на полноќ дапоскапат за 1 и 1, 5 денари за литар.
Така, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 и од утре ќе се продава за 80,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 1 денар и во малопродажба ќе чини 82 денари за литар.
За половина денар се зголемува малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) кој ќе се продава за 68 денари за литар.
За еден денар поскапува и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) чија нова цена изнесува 57 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 денари и ќе чини 41,636 денари за килограм.
{loadposition content9}