Skip to main content

НП Галичица ги намали цените за комерцијалните, но не ги укина за спортските параглајдеристи

Галичица ги намали цените за комерцијалните, но не ги укина за спортските  параглајдеристи.

 |  Валентина Неловска  | 
параглајдер
параглајдер

НП Галичица направи измени во новиот ценовник кој ги разбуричка страстите на љубителите на паркот. Посебно револтот јавно го манифестираа спортските  параглајдеристите. За  параглајдеристите цената е спуштена од 1500 на 300 денари  дневен лет.Галичица Но, плаќањето не се укина за спортистите рекреативци, кои тоа го бараа од  властите на сите нивоа, вели за ТВМ , Мендо Велјаноски светски првак во параглајдеризам.  Кажува дека раководството на националниот парк за цената се испазарило со 4-5 мина комерцијални пилоти кои заработуваат од параглајдеризмот со тандем летање, а спортистите и понатака се оштетени. Велјаноски додава дека учесниците на светското првенство во параглајдеризам кое деновиве ќе се одржува во Поградец, а требаше реперезнтациите да тренираат на Галичица заминаа во Крушево. Со тоа пополека НП Галичица се брише од листата на привлечни локации кај спортските параглајдеристи од земјава и странство. Влезницата за спортските параглајдеристи треба да се укине, дециден е  Велјаноски. Тој единствено е  задоволен што група охриѓани  и  Црвен крст  Охрид се понудиле да помогнат во основните трошоци при одржувањето на првенствата со цел градот туристички што повеќе да се промовира  преку овој спорт. Велјаноски напоменува дека одлуката  на НП да постави наплатна рампа на влезот се коси со Законот за цивилна воздухопловна пловидба.    
параглајдер
„Ако треба некој да наплаќа тоа е со закон решено на Цивилнатат воздухопловна пловидба, но не се наплаќа за параглјадеристите. За летање наплаќа Агенцијата за цивилна воздухопловна пловидба. Параглајдеризмот е воздухопловен спорт под надлежност на Агенцијата. Тотално е против законито да го запре и да наплати било кој да е“,  појаснува Велјаноски.
Од раководството на НП Галичица  молк  во однос на најновите случувања со зимените во ценовникот  кој се однесува за параглајдеристите.

Неодамна градоначалникот Никола Бакрачески на средбата со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Христијан Џамбазовски напомена дека била разгледувана можноста во интерес на градот да се спроведува проект за развој на параглајдеризмот.

„ Разговаравме за организирање на првенства за параглајдеризам од интернационален карактер на Галичица. Добивме понуда за соработка и помош од УСАИД  Македонија во делот на опремување на   патеките за полетување и слетување , како  и одбележување и поставување на информативни табли за развој за рекреативни спортови на планината Галичица“, рече Бакрачески.  

Останува да се види во која насока ќе се развива  слухот на институциите за градот да не ги загуби  кревките почетоци на една интересна содржина која треба да ја збогати туристичката понуда на градот. Спортските параглајдеристи од Македонија не се откажуваат од своето барање. Веќе испратиле петиција до премиерот Никола Груевски.

{loadposition content9}