Социјалните мрежи денес се занимаваат со претседателот Барак Обама кој е виден како џвака гума за џвакање додека свирела Марсељезата (химната на Франција) на свечената церемонија по повод одбележувањето на 70 годишнината од денот Д во Нормандија.
“Обама сакате и кока-кола додека џвакате, додека се свири Марсељезата”, “Кралицата доаѓа, а вие џвакате”, наведуваат двајца корисници на Твитер, пренесува агенцијата AFP.
Корисниците на Твитер објавиле и дека Обама “срамно” и “вулгарно” џвака, додека еден друг корисник го нарекол Обама “мангуп”.
Американскиот лидер се соочувал со слични напади на социјалните мрежи откако е виден дека џвака гума за џвакање на погребот на јужноафричката легенда во борбата против апартхејдот и екс претседателот на ЈАР, Нелсон Мендела во декември.
Обама се соочува со актуелна борба со оставањето на цигарите и често џвака никотински гуми за џвакање за да ја истера желбата по цигарите.
{loadposition content9}