Само една година по успешно завршената кампања по пат на онлајн платформата за масовно финансирање Kickstarter, словенечката стартап фирма Musgard го проширила својот бизнис со дизајнерските браници во бројни земји од светот.
Имено, Musgard може да се купи и во дизајнерскиот дуќан на Музејот за современи уметности во Њујорк, глобална културна институција која е попозната под својот бренд МоМа.
Авторот на овој интересен проект, Јуриј Лозич, вели дека ваквата ситуација за нив е малку невообичаена затоа што примарната цел им била да се ориентираат на трговијата со велосипедска опрема. Но, новонастанатата околност во маркетиншки смисол и тоа како добро им дошла затоа што присутноста на МоМа дава додатна димензија за нивните велосипедски браници.
“Од њујоршкиот музеј на современи уметности ме контактираа веднаш по завршувањето на кампањата на Kickstarter”, вели Јуриј.
Откако бевме приметени, бев повикан во САД на средба со нашите инвеститори и договорив средба со MoMa. Нивниот услов беше да се прилагодиме на нивните барања, а тоа значи да развиеме посебна линија и амбалажа која ќе биде во понуда само во музејот. Додатно имавме среќа, крајот на нашиот проект да се поклопи со почетокот на соработката со МоМа”, додава Лозич.
“Имав бурна година, стекнав многу искуства и на големо го променив погледот на дизајнот и на маркетинг дизајнот”, вели Лозич, кој сега е фокусиран на пласман на својот браник за велосипед во што повеќе дуќани по светот. Во план има и други проекти од кои дел повторно ќе се финансираат од crowdfunding, а дел од сопствени извори.
{loadposition content9}