Google овие денови направи голем чекор во развојот на самовозачките автомобили. Овој технолошки гигант почна сам да произведува свои прототипи на автомобили на иднината и на тој начин си отвори простор за потполна дизајнерска слобода и претставување на интересни концепти, како што е овој автомобил без управувач.
Од Google напомнуваат дека трите прототипа кои моментално се користат како испитни модели првенствено се дизајнирани за посматрање и учење, а не за стил и удобност. Првиот фактор на кој се обрнува внимание е подобрување на сигурноста во сообраќајот и затоа ова возило на прв поглед изгледа спартански, но и за тоа постои оправдана причина.
Имено, со што помалку дизајнерски детали, инжинерите можат да се посветат на својата прва цел, а тоа е осигурување на максимална сигурност за време на возењето во самовозачкото возило. Водителот на проектот Chris Urmson, напоменува: “Беше многу возбудливо и инспиративно да се најдеш пред празен лист хартија и да се запрашаш што би требало да е поинаку кај овој вид на возила?”
{loadposition content9}